Дебакл на великанот: Андерлехт после 56 години првпат нема да игра во Европа

Белгискиот гигант Андерлехт не успеа да се квалиификува за настап во еврокуповите по 56 години, откако во последното коло загуби со 1-2 кај Гент и така го заврши првенството на шесто место.

Пред последното коло Андерлехт и Гент беа бодовно израмнети во борбата за последното место, кое обезбедуваше пласман во Европа, а на крајот поуспешни беа домаќините.

Гент поведе во втората минута, а Андерлехт израмни во 74. минута на 1-1. Сепак, две минути подоцна домаќините ги поставија конечните 2-1 и обезбедија пласман во Европа.

Титулата уште во четвртокот ја освои Генк, кој ќе настапи во Лигата на шампиони.