Де Лаурентис: Ако Сари стигне во Јувентус, тогаш ќе бидеме уште помотивирани да дојдеме до титулата

Ако Маурицио Сари стане тренер на Јувентус, тогаш Наполитанците тоа ќе го сфатат лично. Како најголема измам, три пати полоша од кога Игуаин прејде во редовите на „старата дама“. Причина за ова е тоа што Сари е роден во Неапол.

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, се надева дека Сари ќе стане тренер на „бјанконерите“.

„Сари во Јувентус? Тоа е негова работа. Голем човек е, може да прави што сака. Ако го превзеде Јувентус, тогаш ќе бидеме помотивирани да стигнеме до титулата. Тоа ќе биде најголем успех во историјата на клубот, но нема да биде лошо и ако стигнеме до трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Де Лаурентис.