Де Јонг: Рекоа многу лаги за мене, но клубот ја знае вистината!

Френки де Јонг кој е надвор од стројот на Барселона поради повреда, отворено си ги кажа маките и обвини за лажни информации поврзани со него.

Холандскиот фудбалер вели дека не е точно дека тој одбил операција, а не е точна ни сумата која се пишува дека ја заработува во Барселона.

„Тие рекоа многу работи за мене, рекоа дека не сум сакал операција и дека ме плаќаат многу пари. Рекоа дека мојата плата е 37 милиони евра и тоа е лага! Јас добивам многу, многу помалку од тоа. Не заработувам ни блиску до таа сума, тоа е многу далеку“, вели Де Јонг.

„Тие велат дека не сум сакал да направам операција и дека сум на одмор, а не на тренинг, но тоа е лага. Сите во клубот се согласија дека најдобра опција е да не се прави операција“.

„Трите повреди на истиот зглоб ми создадоа психичка траума. Полека ја враќам самодовербата за силно да ја удирам топката и да влегувам силно во дуелите. Ќе се вратам наскоро“.