Де Јонг: Имав понуди од Англија, но среќен сум во Барселона!

Холандскиот репрезентативец Френки Де Јонг планира да остане во Барселона и во иднина, иако претходно имаше понуди да се пресели во Премиер лигата.

Де Јонг во интервју за „ЕСПН“ кажа дека е среќен во каталонскиот гигант и не планира да замине од Барселона во следниот период.

„Имав понуди од Премиер лигата, но среќен сум во Барселона. Не значи дека ако играш за премиерлигаш си одличен фудбалер“, кажа Де Јонг.

Холанѓанецот пристигна во Барселона во 2019 година од редовите на Ајакс.