Де Хеа нема да брани до крајот на март поради приватни проблеми

Манчестер јунајтед објави дека нивниот прв голман Давид де Хеа нема да брани до крајот на март затоа што има приватни проблеми кои ќе треба да ги реши во следниот период.

Шпанецот не беше на голот на вчерашниот дуел против Кристал Палас, а тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солшер кажа дека голманот добил одмор за да ги реши неговите проблеми.

Де Хеа ќе ги пропушти натпреварите против Манчестер сити, Вест хем и Лестер во Премиерлигата, како и мечот против Милан во Лига Европа.

Дин Хендерсон вчера го бранеше голот на „ѓаволите“ и уште еднаш покажа дека има голем талент, па Јунајтед не би требал да има никакви проблеми меѓу стативите додека го нема Де Хеа.