Де Геа може да си замине: Јунајтед пронајде нов голман

Шпанскиот голман Давид де Геа ја одби понудата на Манчестер јунајтед за продолжување на договорот. „Ѓаволите“ неколку пати му нудеа на Де Геа нов тригодишен договор, но Шпанецот одбиваше и по се излгеда во летниот преоден рок ќе си замине од „Олд трафорд“.

Затоа англискиот гигант веќе е во потрага по нов чувар на мрежата кој ќе го замени Шпанецот. Според последните информации клубот од Манчестер е заинтересиран во своите редови да го донесе голманот на Ајакс, Андре Онана кој со клубот од Амстердам имаше сезона за паметење.

Младиот Камерунец ги има поминато младинските категории на Барселона, а во 2015. година се пресели во Ајакс. Јунајтед за него подготвил понуда од 40 милиони фунти, но прво ќе почекаат да се кристализара ситуацијата со Де Геа.