Де Брујне го избра бројот на дресот во Наполи - нема да биде „десетката“ на Марадона!

Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне е едно од најголемите засилувања на Наполи за следната сезона, а на тренинг се појави со бројот 10 на опремата и ги изненади сите затоа што помислија дека ќе ја добие легендарната „десетка“ која беше повлечена во чест на Диего Армандо Марадона.

Де Брујне, сепак, нема да ја носи „десетката“ во новата сезона, туку го избра дресот со број 11 со кој ќе настапува за Наполи во сезоната 2025/26.

Искусниот фудбалер пред да се пресели во Наполи играше за Манчестер сити, Волфсбург, Вердер Бремен, Челси и Генк.