Давале 150 милиони евра за Асенсио, а Реал: Ако го сакате платете 700 милиони!

Реал Мадрид добил неверојатна понуда за еден од своите најталентирани фудбалери, Марко Асенсио, арно ама ја одбил со уште поналудничав одговор.

„Мундо Депортиво“ открива дека неименуван клуб од Премиерлигата, во текот на минатото лето му понудил 150 милиони евра на Реал за 22-годишниот фудбалер. Флорентино Перез веднаш одбил со јасно барање.

„Ако некој го сака нека плати 700 милиони евра“, рекол претседателот на Реал.

Асенсио во тие моменти немаше потпишано продолжување на договорот, тоа го направи во септември, обврзувајќи се на нови пет години, а неговата откупна клаузула беше поставена на 500 милиони евра.

Сепак, постојат и други теории за судбината на фудбалерот кој ѝ даде хет-трик на Македонија, на младинското ЕП во Полска. Наводно, Реал го чувал само за да го има како примамлив дел од понудата за Еден Азар, следново лето.