Дани Алвеш удри по Јувентус: Тие ме измамија!

Бразилскиот бек Дани Алвеш во изјава за „ЕСПН“ призна дека не бил среќен во Јувентус. Тој во редовите на ПСЖ стигна токму од Јувентус, а во минатото настапуваше и за Бахиа, Севиља, Барселона. Тој во својата кариера има освоено дури 42 трофеи што е апсолутен рекорд во светот на фудбалот.

„Поминав една непријатна година во Торино. Се чувствував како измамен затоа што не го добив тоа што ми го ветија. Напишав историја со Јувентус, а кој и да прашате ќе каже убави зборови за мене како голем работник на теренот. Луѓето во клубот не се однесуваа добро со мене. Го почитувам Јувентус, но се чувствував измамено и морав да го напуштам клубот“, кажа Алвеш.