Дали отказ на Алонсо, ќе значи и отказ на Слот!? (ВИДЕО)

Се шпекулира дека од мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити зависи иднината на Чаби Алонсо, но можеби и иднината на Арне Слот иако Ливерпул не е директно инволвиран во овој натпревар.

Ситуацијата во Реал Мадрид е тешка, особено по поразот од Селта на домашен терен. Клубот не излезе јавно да го одбрани Алонсо и да каже дека неговата иднина е загарантирана, па гласините дека од мечот против Сити ќе зависи неговата иднина, добиваат на тежина.

Ако Реал Мадрид не го победи Сити, Алонсо ќе добие отказ. 

Работата не е розева ниту во Ливерпул, а бурата и таму се зголеми по изјавата на Салах против клубот и против Слот. На црвените исто така не им оди, па и таму се размислува за тренерска смена.

На Ливерпул желба беше да го ангажира Чаби Алонсо, но откако тој реши да остане во Леверкузен, тие го ангажираа Арне Слот, а година потоа Шпанецот стана тренер на Реал Мадрид.

Се чини дека кога Алонсо би бил слободен, односно при негов евентуален отказ, Ливерпул веднаш ќе тргне по негов ангажман, а ако двете страни се договорат, тоа автоматски ќе значи и отказ за Арне Слот кој ионака оди по тенка линија.

Отказ на Алонсо оваа недела, ќе го забрза и отказот на Слот кој секако изгледа неминовен.

Интересот на Алонсо од веднаш префрлување во Ливерпул е тоа што ќе има шанса да докаже дека е голем тренер, дека може да води големи клуб и проблемите во Реал Мадрид не се негова вина.

На денешната прес-конференција по повод мечот со Сити, Алонсо беше прашан токму на оваа тема, за негова работа во Ливерпул.