Даде гол после две години, шест месеци и 17 дена (ВИДЕО)

Дени Ингс своевремено блесна во редовите на Барнли, по што си обезбеди трансфер во Ливерпул, а „тропаше“ и на вратата на англиската фудбалска репрезентација.

Сепак, работите не одеа баш најдобро за голгетерот на „Енфилд роуд“, бидејќи беше уништен од повреди. По подолго време се рехабилитираше и денеска беше во почетниот состав на „црвените“ на гостувањето кај ВБА.

Му требаа само четири минути да постигне погодок, што за него беше прв по 930 дена. Последен пат погоди за Ливерпул во големото градско дерби против Евертон во октомври 2015 година.