„Да не разбирате воопшто фудбал, ќе речете дека Јунајтед е просечен клуб!“

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин немаше милост кон поранешниот клуб, кој денеска загуби со 1-3 од Ливерпул на „Енфилд“.

Кин денеска беше брутално искрен по поразот на Јунајтед, па дефинитивно нема да му се допаднат на Жозе Мурињо.

„Доколку денеска се симнете од месечината и не знаете ништо за фудбалот, ќе кажете дека Јунајтед е еден просечен тим во Премиерлигата. Ништо повеќе. Тие се како Јунајтед од 80-те години. Деновите на Пол Погба во Јунајтед му се одбројани, нема да го продадат во јануари, но Французинот ќе си замине од клубот кога - тогаш“, вели Кин.

Легендарниот фудбалер сака во иднина да го види Маурицио Покетино на тренерската позиција во Јунајтед.

„Ако дојде Покетино, тогаш ќе мора неколку фудбалери да се ангажираат и ќе се бориме за трофеи“, кажа Кин.