ЦСКА Москва му нуди милионска плата на „бомбардерот“ Јаховиќ

Адис Јаховиќ е вистинска сензација во турскиот фудбалски шампионат, но и пошироко. За неговата игра се пишува во Русија, Србрија и во многу други фудбалски земји.

Со своите 11 голови за Гецтепе, тој е прв стрелец во турската Суперлига пред фудбалери како Бафитеми Гомис, Бурак Јилмаз и Вагнер Лав. Турската лига важи за една од најсилните во Европа и една од најтешките за голгетерите.

Јаховиќ веднаш го привлече вниманието на многу клубови, а се чини дека ЦСКА Москва има најдобра и најконретна понуда. Овој клуб добро е запознаен со квалитетите на македонскиот интернационалец од времето кога настапува за Крилја Советов. На еден нивни меѓусебен натпревар Јаховиќ даде два гола и сред Москва ја победи со 0-2.

Рускиот гигант сега подготвува понуда а Јаховиќ, што никој не може да ја одбие. Доколку се согласи на потпис за ЦСКА, тој ќе добие плата од 1,3 милиони евра по сезона. Според турските медиуми, Јаховиќ не сака да брза со одлука за својата иднина и ќе почека до крајот на сезоната, а сигурно ќе сака да слушне и други понуди меѓу кои и од неговиот сегашен клуб Гецтепе.