Црногорска легенда заглави во проблеми: Му запленија имот од 5,8 милиони евра!

Црногорскиот фудбалер Марко Вучиниќ е во центар на внимание на италијанската јавност, но не поради фудбалот, туку поради проблемите со законите на Апенините.

Вучиниќ поголем дел од кариерата помина во Италија, каде што настапуваше за Лече, Рома и Јувентус, а според медиумите, даночните власти почнале истрага против Вучиниќ за затајување на данок во вредност од 5,8 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пишува дека тој го затаил данокот, па судот во Рим го прифати барањето на обвинителот и му заплени имот во вредност од 5,8 милиони евра додека постапката не заврши.