Циркузи: Атлетик не добил пенал со Реал поради лош превод на правилото?!

Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со гол на Серхио Рамос од пенал за да продолжи маршот кон шампионската титула на „кралскиот клуб“, ама и овој меч не можеше да мине без спорен момент и недосудениот пенал за баскиската гордост.

Веќе два дена трае дебатата околу помошта што сезонава Реал ја има од судиите и ВАР, а да е целиот циркуз поголем, во шпански медиуми дури и открија најбизарна можна причина зошто Атлетик не добил пенал? Лош бил преводот за правилото за пенал кое го донел Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ). Моментот кога Рамос го гази Раул Гарсија во шеснаесетникот е очигледен пенал за Билбао, ама...

Залудни беа сите протести, дводневни докази дека е направен сериозен превид. И на крај, како што пишува „АС“, судиите правилно суделе според грешен превод во толкувањето на правилото. Наводно, кога се преведувале правилата од англиски јазик на шпански јазик од Бордот ИФАБ, кој е единствен задолжен за менување и дополнување на правилата на фудбалската игра, направен е превид и лошиот превод допринел за ваков пропуст.

Проблемот е во правилото број 12 според вистинското толкување објавено од ИФАБ не укажува на важноста дали фудбалерите се борат за топка или не, а иако дуелот на Рамос и Раул Гарсија е таков, прекршокот морал да биде санкциониран со пенал за Атлетик.

Арно ама, шпанците си го превеле „каубојски“ во која во правилото останала фразата „борба за топка“ како неопходен услов да се досуди прекршок и затоа судиите сега се чисти, а проблемот е во тој што ги преведувал правилата. Допрва од Барселона ќе има фрлање на „дрвја и камења“...