Циркус во Италија: Палермо останува во Серија Б

Вистински циркус се случува во италијанската Серија Б, откако Палермо беше исфрлен еден ранг подолу, односно во Серија Ц поради финансиски малверзации на бившиот сопственик Маурицо Ѕампарини. Сепак, денеска се случи голем пресврт, откако беше прифатена нивната жалба.

Екипата во која што настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски испрати жалба до италијанскиот фудбалски сојуз, а истата им беше прифатена, па им беа одземени само 20 поени, што значи дека завршиле на 11. место на табелата.

Палермо неодамна доби нови сопственици, па сите се надеваат дека ќе изборат пласман идната сезона во Серија А.