Чурлинов заигра за првиот тим на Келн во триумфот против Гронинген!

Германски Келн одигра одличен пријателски натпревар против Гронинген од Холандија и го совлада со 3-1, а шанса за настап доби младинскиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов.

Гронинген стигна до водство преку Брунс во 19. минута, а во второто полувреме се случи целосен пресврт, откако Келн со головите на Дрекслер, Кордоба и Клеменс стигна до конечните 3-1.

Инаку, Чурлинов влезе во игра веднаш по паузата на полувремето и ги одигра вторите 45 минути од мечот за германската екипа.