Чурлинов со два гола го реши Падерборн

Младиот македонски фудбалер Дарко Чурлинов постигна два гола за Келн во победата против Падерборн од 4-0 во 17. коло  во јуниорската Бундеслига.

Чурлинов стрелаше најпрво во 32. минута против Падербон, а потоа со гол во 63. минута ја потврди победата на својата екипа.

Келн во моментов е лидер во јуниорската Бундеслига со 38 бодови, а Чурлинов ја предводи листата со стрелци со 13 погодоци.