Чурлинов на клупа: Македонскиот талент чека бундеслигашко деби! (ФОТО)

Македонскиот талент Дарко Чурлинов денеска го чека своето бундеслигашко деби за Келн, чиј член е неколку години и летово овој клуб реши да му даде многу поголема шанса, па преку добрите подготовки стигна до клупата за резерви на „јарците“ за денешното гостување кај Волфсбург (15.30 часот).

Чурлинов е најмладиот дебитант во македонската репрезентација, еден од најталентираните наши фудбалери, од генерацијата со Елиф Елмас, Јани Атанасов, која лани играше елитни квалификации за селекцијата до 19 години.