Чурлинов киксна па тренерот го извади од игра по 20 минути (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше кошмарен настап за Шалке во Купот против Минхен 1860. 

Тој доби нова улога во формацијата 3-5-2 на тренерот Грамоцис и играше како лев бек. Во 5.минута Минхен поведе со 1-0 и тоа поради грешката на Чурлинов, кој ја загуби топката пред својот шеснаесетник. 

Веќе во 22.минута нашиот интернационалец беше повлечен од игра, бидејќи експериментот на тренерот Грамоцис воопшто не вроди со плод.  На социјалните мрежи навивачите на Шалке имаа лавина критики за тренерот, но и за настапот на Чурлинов.