Чурлинов го одработи првиот тренинг во Барнли (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов го комплетираше трансферот од Штутгарт во Барнли со кој потпиша четиригодишен договор, а денеска го имаше и првиот тренинг со екипата, каде што се запозна со новите колеги.

Чурлинов кажа дека е возбуден што пристигнал во Барнли, кој сезонава ќе се бори за враќање во Премиерлигата, а би можел да дебитира уште утре во мечот против Блекпул, кој е закажан за 16.00 часот.

Штутгарт за услугите на Чурлинов ќе добие 3,5 милиони евра веднаш и уште 1,5 милиони евра во бонуси.