Чурлинов гази во Келн – нови два гола за трет најдобар стрелец досега

Младинскиот македонски репрезентативец Дарко Чурлинов покажа дека игра во извонредна форма во новата сезона, откако денеска даде нови два гола за младинскиот тим не Келн во победата како гости кај Дуизбург со 4-0.

Чурлинов во младинската западна лига за играчи до 19 години е на делба на третото место на листата на стрелци со седум голови, колку што даде и Болоку Букасу од Леверкузен. Пред нив е Турчинот Ајдинел од Борусија Дортмунд со девет гола, а најдобар досега е Узун од Бохум со 11 гола

Чурлинов денеска погоди за да ја најави победата во 15-та минута и за да ја запечати победата во 69-та, па Келн сега со 24 бода останува второпласиран, со една победа помалку од лидерот Борусија Дортмунд, која е лидер.