Чудо во Менхенгладбах: Борусија за 20 минути на Баерн му даде - три гола (ВИДЕО)

Германскиот гигант Баерн Минхен се наоѓа пред елиминација од Купот на Германија уште во шеснаесетфиналната фаза, откако, неочекувано, прими дури три гола во првите 20 минути на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Коне прв ја затресе мрежата на Баварците по само две минути од мечот, додека потоа на сцена стапи Раму Бенсенбаини, кој прво погоди во 15. минута, а потоа и шест минути подоцна од пенал.

Баерн Минхен на овој меч игра во релативно (нај)силен состав, предводен од Роберт Левандовски, поради што за очекување е дека нема лесно да се предадат без разлика на високото водство на противникот.