Чудо невидено: Навивачите на Лидс воодушевени од Алиоски – „луд“ е како лев бек! (ФОТО)

Лидс чекори сигурно кон враќање во Премиерлигата по 15 години пауза, особено откако синоќа триумфираа со 2-0 против Дерби во дербито на колото во Чемпионшип, а асистенција во победата запиша макеоднскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Левоногото крило откако е во Лидс имал и позабележителни мечеви, давал и голови, исто така асистирал, ама навивачите никако не го прифаќаа и постојано го плукаа – без разлика дали бил добар или лош, дали имал некаков учинок или не. Овојпат се случи чудо невидено. Не запреа навивачите да го фалат Алиоски и тоа посебно зашто играше принудно како – лев бек.

Не дека Алиоски во кариерата не играл лев бек, туку во Лидс дојде по импресивна сезона во Лугано и тоа како офанзивец по лево крило. И најголем дел од мечевите ги игра на таа позиција. Ако, затреба, како и за македонската репрезентација принудно игра и лев бек. И синоќа сите ги воодушеви. Навивачите не престанаа да го фалат потенцирајчи дека е – луд како лев бек.

„Може Алиоски да игра лев бек секоја недела, ве молам?“, Фил Дексон, навивач на Лидс.

„Дефинитивно, лев бек е најдобрата позиција за Алиоски. Има подобри продори, не е постојано во офсајд и не престанува да трча“, додава друг навивач

„Алиоски е играч на мечот. Само за лев бек“, потенцира трет