Човекот кој ги откри Имобиле и Белоти доби работа во Рома

Рома денеска сооптши дека Џанлука Петрачи ќе биде нов спортски директор на клубот. Неговото именување не е изненадувачко, со оглед на фактот дека веќе некое време соработува со „римската волчица“. Се чекаше само да го раскине договорот со Торино, што и се случи.

Извршниот директор на клубот од Рим, Гвидо Фиенга му посака добредојде на Петрачи.

„Среќен сум што можам да му посакам добредојде на Петручи во нашиот тим. Сигурен сум дека со своето стручно знаење ќе претставува важен ресурс во управувањето на Рома“, изјави Фиенга.

Петрачи во Рома го наследи Мончи кој одличу да се врати во Севиља. Новиот спортски директор на „римската волчица“ има откриено врвни фудбалери како Матеа Дармиан, Чиро Имобиле и Андреа Белоти.