Челси владее во Лондон: Маркос Алонсо ја продолжи мизеријата на Арсенал (ВИДЕО)

Поранешниот англиски шампион Челси ја доби битката за Лондон против својот градски ривал Арсенал, победувајќи денеска во извонреден мечво дербито на „Стемфорд Бриџ“ (3-2).

Маркос Алонсо, левиот бек на „сините“ со асистенција и гол на девет минути пред крајот беше херојот на Челси, кој стигна до максимални шест бода по воведните две кола во Премиерлигата, за разлика од Арсенал кој го запиша вториот пораз и уште на стартот покажа во две дербија дека нема капацитет за титула. Арсенал го смени Арсен Венгер по 22 години, ама навивачите уште на стартот ќе почнат да се откажуваат откако во 180 минути, „топчиите“ губат во воведните две дерби пресметки со екипи кои се најголеми конкуренти за трофејот – прво со Манчестер сити дома со 0-2, а сега и од Челси со 2-3.

Се изгледаше дека Арсенал ќе доживее дебакл на „Стемфорд Бриџ“, откако за 20 минути по стартот на мечот, Педро и Алваро Мората погодија двапати во мрежата на „топчиите“ за убедливи 2-0, но Арсенал не се предаде па во финишот од првиот дел погоди двапати преку Хенрик Михтарјан во 37-та и Алекс Ивоби во 41-та минута. И ремито 2-2 остана се до завршните десет минути од мечот, кога Алонсо.

На табелата по две кола Челси има максимален ефект, како и Тотнем и Бормут, додека Арсенал по две кола им се придружи на градските ривали Фулам и Вест Хем со нули на контото по два меча.