Челси станува „филијала“ на Манчестер јунајтед: Мурињо краде уште еден фудбалер од Лондон?

Откако од Лондон во Манчестер во последните година ипол се пресели Немања Матиќ, а менаџер на „Олд Трафорд“ е легендата на „сините“, Жозе Мурињо, контроверзниот португалски стратег подготвува нов шок на „Стемфорд бриџ“, па одбраната ќе ја засилува со Бразилецот - Давид Луиз.

Луиз е несреќен на „Стемфорд бриџ“ и тој практично е пречкртан од Антонио Конте, па Мурињо гледа шанса да го донесе во својот тим и дополнително да ја засили одбраната. Неколку медиуми на Островот веќе го најавија шокантниот трансфер од Лондон во Манчестер.

Мурињо добро го познава Луис, затоа што заедно работеа во лондонскиот гигант. Бразилецот е во немилост на Конте, откако по поразот на Челси од Рома со 0-3 во Рим, ја критикувал формацијата на менаџерот на „сините“ и за тоа имале сериозна кавга на тимскиот состанок по мечот. По тоа, Луиз остана на трибините, кога Челси го победи Јунајтед со 1-0 во дербито пред две недели.

Мурињо летово во Манчестер го донесе Немања Матиќ, како и Ромелу Лукаку, кој не се снајде во Челси, па од Евертон се пресели на „Олд Трафорд“ и игра извонредно.