Челси со три гола го уништи Вотфорд (ВИДЕО)

Челси славеше со 3-0 против Вотфорд во 33. коло од англиската Премиерлига и така се приклучи повторно во топ-4.

Оливие Жиру погоди за 1-0, по што Вилијан зголеми на 2-0 до крајот на првото полувреме. Во самата завршница од мечот Рос Баркли ги постави конечните 3-0.

Челси има 57 бодови, односно еден помалку од третопласираниот Лестер и два повеќе од Манчестер јунајтед.