Челси со два играчи помалку се спаси од срам и тоа на – пенали (ВИДЕО)

Актуелниот англиски шампион Челси едвај и со премногу мака стигна до пласман во следната рунда во ФА-купот, откако вечерва дури по пенал-рулетот со 5-3 славеше против Норич во преиграниот меч кој вторпат заврши без победник (1-1, во првиот 0-0).

„Сините“ успеаа да ги погодат сите пет удари од белата точка, а само Оливеира во првата серија промаши за Норич, па со тоа лондончани стигнаа во четвртото коло. Претходно Норич во 94-та минута се избори за продолжение преку Луис, откако Мичи Батшуаи погоди за водство на фаворитот.

Но, Челси се тресеше во финишот откако Педро во 117-та и Алваро Мората во 120-та минта заработија исклучувања, па на крајот пеналите мораше да го решаваат победникот.

Во другите денешни два меча кои се преигруваа Свонси со 2-1 го победи Вулверхемптон, а Виган со 3-0 го растури премиерлигашот Бормут.