Челси му ги расипува плановите на Ливерпул и купува ѕвезда од Наполи!?

Челси почна жестоко под водство на новиот тренер Маурицио Сари, па уште не знаат за пораз во новата сезона, а во моментов го делат првото место во Премиерлигата заедно со Ливерпул и Манчестер сити.

Сари ја префрли својата генијалност во екипата, па тие сега се едни од главните кандидати за титулата, иако италијанскиот тренер неколку пати кажа дека имаат уште многу работа.

Екипата од Лондон планира да се засилува во јануари, а „Метро“ пишува дека „сините“ се подготвени да им ги расипат плановите на Ливерпул и да го ангажираат Пјотр Зиелински од Наполи.

Играчот на Наполи има откупна клаузула од 114 милиони фунти, но наводно Челси планира да понуди 57 милиони фунти, колку што би требало да ја задоволи екипата од Неапол.

Полјакот игра фантастично сезонава, па досега на седум настапи во италијанската Серија А постигна два гола.