Челси ќе го има најлошиот гостински дрес во клупската историја (ФОТО)

Речиси сите клубови ги претставија дресовите за новата сезона, а навивачите на Челси не се најсреќни од гостинскиот дрес кој се појави на социјалните мрежи.

Иако од Лондон уште не го потврдија изгледот на гостинскиот дрес, сепак фотографијата која се појави на интернет е вистинско разочарување за поддржувачите на „сините“.

Комбинацијата која ја избра „Најк“ е сино-црвена, а навивачите не можат да поверуваат дека ќе имаат таков дрес.