Челси испрати понуда за Усман Дембеле

Усман Дембеле е слободен агент на 1.јули, бидејќи му истекува договорот со Барселона. Иако има шпекулации дека и натаму преговара со Каталонците да ја продолжи соработката, до него стигнала понуда од Челси, што веројатно ќе ги смени работите. 

„Лекип“ објавува дека „сините“ испратиле сериозна добра понуда до Французинот за четиригодишен договор. Барселона му понуди само шест милиони евра годишно за три сезони, што е намалување од пет милиони во однос на она што го заработуваше досега. 

Челси е подготвен да плати многу повеќе за да го доведе во своите редови и се очекува 25-годишниот крилен напаѓач од ова лето да го носи синиот дрес. Фудбалерот сака да му се приклучи на тимот што е предводен од неговиот поранешен тренер од Борусија Дортмунд, Томас Тухел.