Челси го претстави првото засилување (ФОТО)

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ денеска беше претсавен во Челси. Тој по завршувањето на Бундеслигата веднаш тргна накај Лондон и следната сезона ќе ги брани боите на „сините“. Пулишиќ во јануарскиот преоден рок од редовите на Борусија Дортмунд се пресели во Челси, во трансфер вреден 64 милиони евра.