Челси бара нов голман – Куртоа пред заминување од „Стемфорд бриџ“?

Преговорите помеѓу англискиот шампион Челси и првиот голман на „сините“, Тибо Куртоа пропаднаа, па се поверојатно е дека белгискиот репрезентативец ќе го нашушти „Стемфорд бриџ“.

Како што објавија англиските медиуми, Куртоа бара покачување на платата, која во моментов изнесува 100 илјади фунти неделно. И, Челси е согласен да му ја зголеми истата, но не до нивото кое го бара Белгиецот. Куртоа сака иста плата како Шпанецот, Давид де Геа, првиот голман на Манчестер јунајтед, кој заработува двојно повеќе

Засега Челси не попушта, ноту пак Белгиецот, па шансите Куртоа да остане во северен Лондон се многу мали. Се повеќе се споменува негова продажба, а ПСЖ е прв фаворит, иако тивко се споменува можност да оди и во Реал Мадрид.

Ако Челси го продаде белгискиот чувар на мрежата, негова замена ќе биде Кепа од Атлетик Билбао, за кого Реал Мадрид исто така е заинтересиран, но и Донарума од Милан, особено што „росонерите“ се најдоа во големи финансиски проблеми