Чави: Подготвен сум да ја тренирам Барселона

Поранешниот капитен на Барселона, Чави Ернандез чувствува дека е подготвен да седне на клупата на каталонскиот гигант.

Шпанецот во јануари беше во преговори со клубот да го замени Ернесто Валверде, но очигледно тој не ја доби вистинската понуда од своите поранешни работодавци. Неговиот став е дека сака да почне „од нула“ на „Камп Ноу“ и да има одврзани раце да креира состав по негов вкус.

„Кажувам отворено дека сакам да се вратам во Барселона, возбуден сум од една таква идеја“, изјави Чави. „Пред некоја година можеби и не бев толку сигурен, но сега откако собрав тренерско искуство мислам дека можам да им помогнам на играчите. Но им реков отворено дека се гледам себеси во проект што почнува од нула и дека сите одлуки ќе бидат мои“, вели Чави.

Шпанецот би сакал во тимот да го врати Нејмар, бидејќи смета дека на Барселона и недостигаат вистински крилни напаѓачи. Тој исто така во интервјуто ги спомена Џејдон Санчо и Серж Гнабри како едни од потенцијаталните засилувања на тимот, ако тој седне на клупата.

Засега Барселона ја води Кике Сетиен, кој го наследи Ернесто Валверде во јануари годинава. Па останува времето да покажа дали уште еден поранешен фудбалер на Барслеона ќе седне на клупата на тимот и ќе му донесе успех, каков во минатото Пеп Гвардиола, Луис Енрике и секако Јохан Кројф.