Легендарните Чави и Рибери ќе играат во ист тим - во Катар?

Во минатото се споменуваа Кина и САД како можни следни дестинации на Франк Рибери, сепак по се изгледа Французинот ќе се пресели во Катар.

Крилниот фудбалер ќе го заврши 12 годишниот мандат во редовите на Баварците. За него се заинтересирани многу тимови од не баш толку фудбалски развиените земји. Првиот повик му стигна од Австралија и тоа од поранешниот фудбалер на Баерн Минхе, Маркус Бабел кој во моментов е тренер на Вестер Сидјен Вонерс.

Потоа следеше понуда од Катар, од тимот на Ал Сад каде што капитен е порашениот легендарен капитен на Барселона, Чави Ернандез, а оваа понуда по се излгеда е попримамлива за Ривери. На Французинот летово му завршува договорот со германскиот шампион.