Чави денеска доаѓа во Барселона: На одмор или по работа?

Каталонските медиуми објавуваат дека легендата на Барселона Чави денеска пристигнува во градот од Катар. 

Иако актуелниот тренер на Ал Сад најверојатно се враќа во својот роден град на краток одмор по завршувањето на сезоната, дел од шпекулациите се дека тој всушност има договорен состанок со Жоан Лапорта, првиот човек на Барселона.

Роналд Куман веројатно ќе добие отказ по завршувањето на сезоната, бидејќи тимот киксираше во клучните моменти до сезоната и не успеа да остане до крај во трка за титулата во Ла Лига. 

Интересно е тоа што Чави, кој е тренер на Ал Сад од 2019 година, пред само неколку денови потпиша нов договор со клубот. Сепак, Шпанецот има клаузула во договорот, според која може да ја раскине соработката без никакви проблеми ако добие официјална понуда за тренерската позиција во Барселона.