Часови го делат Солшер од отказ, а на Мегваер му се смее цела – Англија (ВИДЕО)

Убедливиот пораз на Манчестер Јунајтед на вчерашното гостување кај Лестер (2-4) најверојатно ќе ја „прелее чашата“ на управата на клубот кога станува збор за тренерот Оле-Гунар Солшер, за кого се вели дека само часови го делат од добиваше шут-карта од клупата на „ѓаволите“.

Норвежанецот, сепак, не е единствениот кон кого е насочен целиот гнев на навивачите на тимот од „Олд Трафорд“, со оглед што на удар е и дефанзивецот Хари Мегваер. Најскапиот дефанзивец во историјата не само што одигра лошо, туку стана мета за потсмев кај фановите со неговата реакција во моментите кога Дака го постигна голот.

Според многумина, капитенот, најверојатно, за момент помислил дека игра за естер бидејќи само тоа може да ја оправда неговата чудна реакција.