
Чалханоглу наместо во Галатасарај, ќе се пресели во нивниот најголем ривал - Фенербахче!?
Хакан Чалханоглу сепак би можел да заврши во Турција ова лето, но не во Галатасарај, туку во лутиот ривал Фенербахче.
Популарните „жолти канаринци“ на Хакан Чалханоглу му го ветиле дресот со број 10, капитенската лента, како и плата од 6 милиони евра по сезона.
Па тој сега го моли Интер да биде пофлексибилен во преговорите и да му дозволи да направи трансфер.
Кога Галатасарај пројави интерес, „нероаѕурите“ поставија цена од околу 30 милиони евра, сума која шампионот на Турција не помислуваше да ја плати бидејќи беше во преговори со Наполи за ангажман на Виктор Осимен во зделка вредна околу 75 милиони евра.
Фенербахче е подготвен да одвои 20 милиони евра, па останува да се види дали Интер ќе даде попуст и ќе му ја исполни желбата на Хакан Чалханоглу за трансфер во Турција.