Чаби Алонсо ги укинал навиките од времето на Анчелоти, затоа ѕвездите не го сакаат
Според нив, фудбалерите не го прифатиле добро Чаби Алонсо и неговите работни навики затоа што не се навикнати на таков режим под водство на Карло Анчелоти претходните години. Под водство на Италијанецот тие имаа поголема слобода надвор од теренот, а и тренинзите не биле толку напорни и интензивни, па сега се јавува отпор.
Една од работите кои не им се допаѓаат на фудбалерите е, како што велат, преголемото мешање на Чаби Алонсо во нивниот приватен живот. На пример, последните години, по натпреварите, некои од нив заминуваа на Ибица на забава и се случуваше тие да изостанат од тренинзите и да се однесуваат како што сакаат.
Се обиделе истото да го направат со Чаби Алонсо, но не им пошло од рака. Тоа ги налутило големите ѕвезди во тимот и како последица доаѓаат честите кавги и тензијата во екипата. Ова се уште не се одразува на резултатите, но не е исклучено наскоро да почне.