Цената на Салах порасна за неверојатни 74 милиони евра!

Фудбалската опсерваторија ЦИЕС направи проценка на порастот на фудбалерите на трансфер пазарот изминатите шест месеци. Убедливо на врвот се наоѓа Мохамед Салах од Ливерпул, кој игра неверојатна сезона во Премиерлигата.

Еѓипќанецот е најдобар стрелец во англискиот шампионат со 24 голови, а според тоа и неговата цена драстично се зголеми за неверојатни 74,7 милиони евра. Според ЦИЕС, неговата сегашна вредност на трансфер пазарот е 162,8 милиони евра.

Слично зголемување на својата цена има и голманот на Манчестер сити, Едерсон Мораеш за 74,4 милиони евра и сега вреди 98,7 милиони евра. Цената на неговиот соиграч од таборот на „граѓаните“, Лерој Сане скокна за 60 милиони па тој вреди околу 151 милион евра. Во ТОП 10 фудбалери со најголемо зголемување на пазарната вредност се и Килијан Мбапе, Габриел Жесус, Џо Гомез, Дејвисон Санчез, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Флоријан Тован.