Буфон откри зошто си заминал од ПСЖ, а потоа и какви планови има

Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон после само една година си замина од Пари Сен Жермен, иако имаше опција да остане уште една сезона на „Паркот на принцовите“, каде ланското лето дојде после 17 години поминати на голот на Јувентус.

Буфон (41) ја освои француската Лига 1, но во новата сезона откри дека требало да биде втор голман на тимот и тоа пресудило да си замине, Италијанецот ја откри целата вистина за неговиот кус претстој во француската престолнина.

„ПСЖ уште пред пет месеци ми најави дека во новата сезона ќе имам улога на втор голман. Од јануари имав доста време да размислам и дојдов до заклучок дека тоа не е за мене. Затоа и се откажав од многу пари и уште една година во Париз. Нивното барање беше апсолутно легитимно, разбирливо. Понудата беше многу примамлива. Но, јас и на 41 година ја имам потребата од возбудувања, па одбив“, вели Буфон.

Италијанецот најави дека во моментов размислува што да прави и разгледува некои други понуди.

„Сега сум во ситуација како минатото лето. Сега сум неверојатно смирен, опуштен и сѐ е отворено. Може сѐ да заврши за 12 месеци, ама и за 15 дена. Имам некои убави понуди, ама ми недостига потег кој го барам. Ако се случи една година ќе ја поклонам на учење. Сакам да одам на курс за тренери, можеби и да учам да бидам и спортски директор. Сакам да научам добро да говорам англиски. Сакам многу работи за да си ги отворам опциите за во иднина. Париз беше прекрасно искуство со една маана – не бев постојано со сопругата и детето. Сега ќе има надокнадам“, посочи Буфон.