Буфон најави дека останува во ПСЖ!

Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон со ПСЖ има двегодишен „условен“ договор, за кој медиумите најавија дека по завршувањето на оваа прва сезона, легендарниот чувар на мреата ќе си замине од Париз и ќе се врати во Торино. Арно ама, такво нешто нема да се случи, зашто Италијанецот е решен да остане во француската престолнина.

Буфон има 41 година, ама не сака да оди во пензија. Ниту ПСЖ не сака така брзо да се откаже од Буфон и фактот дека младите голмани имаат можност да учат од еден од најдобрите чвари на сите времиња.

„ПСЖ ми понуди продолжување на соработката и тоа ме прави неверојатно среќен. Им благодарам на тоа. Ќе седнеме идните денови и ќе ги видиме плановите за следната сезона, па ќе видиме дали двете страни ќе бидат задоволни. Јас сум среќен во Париз, зад мене се многу години фудбал, но навистина сакам да уживам. Дојдов во Париз уверен дека ме чека голем предизвик како играч и како човек и на крајот тоа што го барав – го добив!“, вели Буфон.

Француските медиуми објавија дека Буфон не е баш најсакан од тренерот Томас Тухел, а Германецот сметал дека не треба клубот да му го наметнува Џиџи како прв избор, иако тој сакал повеќе време да му даде на младиот Ареола.