Бруно Фернандеш испиша историја - најмногу асистенции во една сезона! (ВИДЕО)

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, постави рекорд во Премиер лигата по број на асистенции во една сезона, вкупно 21.

Во 33. минута од натпреварот меѓу Брајтон и Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш нафрли од корнер, а Доргу реализираше за водство од 1-0.

Тоа за Португалецот беше 21. асистенција оваа сезона во Премиер лигата.

Со тоа тој ги мина Тјери Анри и Кевин Де Брујне кои имаат по 20 во една сезона.