Бруно Фернандеш е нов играч на Манчестер Јунајтед 

Екипата на Манчестер Јунајтед потврди дека постигнала договор за потпишување на играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.

Веќе неколку дена траеше сагата околу трансферот на Фернандеш во редовите на „Црвените ѓаволи“, но сега и дефинитивно е ставен крај. Тој денеска успешно ги минал медицинските прегледи, па Јунајтед веднаш се пофали на официјалниот клупски сајт.

Се очекува тимот од „Олд Трафорд“ за неговите услуги да издвои околу 50 милиони, но истите можат да се зголемат за дополнителни 30 во однос на остварените бонуси.