Бруно Фернандеш денеска пристигнува во Манчестер на медицински прегледи?

Сагата околу трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед очигледно продолжува. Португалецот наводно денеска треба да биде во Англија на медицински прегледи пред да го комплетира трансферот во редовите на „црвените ѓаволи“.

Португалските медиуми синоќа го уловија фудбалерот како заминува со својот автомобил кон аеродромот во Лисабон, што го потврдува и „Инстаграмот“ на неговата пријателка Каролина Десландес.

Манчестер јунајтед ќе плати околу 50 милиони евра за Фернандеш, но Спортинг ќе инкасира преку 80 милиони евра во дополнителни рати и бонуси.