Брозовиќ лудувал пијан со својот автомобил и останал без возачка дозвола!

„Кориере дела Сера“ објави дека хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ бил запрен од полицијата. Тој бил пијан и притоа минал на црвено светло на семафор, по што останал без возачка дозвола.

Интер следниот натпревар го игра во понеделник против Торино, а засега не е познато дали ова ќе влијае на тренерот Антонио Конте и дали Хрватот ќе заигра во дуелот.