Инсиње го напушти Наполи и се пресели во - Беневенто (ФОТО)

Братот на Лоренцо Инсиње, Роберто го напушти Наполи. Овој 25- годишен крилен фудбалер кариерата ја почна во младинските категории на Наполи и целата досегашна кариера ја помина во дресот на клубот од Неапол.

Сепак, тој собра само три настапи за првиот тим, а главно одеше на позајмици. Минатата сезона ја помина во редовите на Беневенто, а клубот од Серија Б сега се одлучи да го откупи неговиот договор. Сумата за која пристигна во овој клуб се уште не е позната, а тој потпиша двогодишен договор со Беневенто.