Брајтон и Вест Хем ремизираа: Реалноста на „чеканите“ е Лига на Европа (ВИДЕО)

Брајтон и Вест Хем одиграа 1-1 во рамки на 36.коло во Премиерлигата, реми по кое „чеканите“ речиси ги загубија шансите за пласман во ТОП 4, односно Лигата на шампиони. Челси на четвртата позиција има пет бодови повеќе на две кола до крајот на сезоната. 

Двата погодока вечерва беа постигнати во финишот од средбата. Дани Велбек погоди за Брајтон во 84.минута од натпреварот за 1-0. Гостите израмнија само три минути подоцна преку Саид Бенрама, што беше негов прв гол по 28 натпревари во Премиерлигата.