Брајтон го „тресна“ Арсенал на „Емирати“ (ВИДЕО)

Екипата на Брајтон ја продлабочи резултатската криза на Арсенал, откако на натпреварот од 15. коло во Премиер лигата славеше на „Емирати“ со 1-2.

И покрај тоа што пред една недела од кормилот на Арсенал си замина менаџерот Унаи Емери, очигледно е дека тимот од северен Лондон не успева да се врати на победите.

Овој пат претрпија нов срамен пораз пред своите гледачи, а стрелци на погодоците за Брајтон беа Вебстер (36. минута) и Мапеј (80. минута). Единствено нешто што направија избраниците на повременото менаџерско решение, Фреди Љунгберг, е тоа што израмнија на 1-1 во 50. минута со голот на Лаказет.


Ова седми натпревар без победа за тимот на Арсенал во домашното првенство и моментно се наоѓа на 10. место на табелата со 19 бода, додека нивниот вечерашен противник е 13. со еден бод помалку.  

Последната победа Арсенал го извојува во Премиер лигата пред точно два месеци, кога славеше на домашен терен против Бормут со 1-0.